„ВИЕ АЖУРИРАТЕ, НИЕ ДОНИРАМЕ“ – Сава пензиско друштво продолжува со хуманитарната иницијатива заедно со своите членови

40

“ВИЕ АЖУРИРАТЕ, НИЕ ДОНИРАМЕ” гласи слоганот на хуманитарната иницијатива на Сава пензиско друштво, која втора година по ред има за цел формирање фонд за донација. Оваа година средствата ќе бидат наменети за потребите на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле.

Во соработка со нивниот долгогодишен партнер КК Феникс 2010, Сава пензиско друштво промовира користење на дигитални услуги за известување, како алатка со која нивните членови можат да учествуваат во постигнување на поширока, општествена и хуманитарна цел и истовремено да придонесат кон зачувување на животната средина.

Механизмот е едноставен – членовите ги ажурираат своите лични податоци и одбираат достава на годишните известувања по електронска пошта, а Сава пензиско друштво ќе донира за хуманитарна цел.

Членовите може да ги ажурираат своите податоци по електронски пат на два начини:

Првиот начин е преку интернет страницата на Сава пензиско друштво во делот Лична сметка, каде што членовите се најавуваат со нивното корисничко име и лозинка, преземени од Годишниот извештај за пензиска заштеда. Со кликање на табот за Лични податоци, се ажурираат новите податоци и дополнително се внесува кодот за потврда на ажурирањето. Корисничкото име може да се добие и на контакт линијата 15-500.

Вториот начин е преку инсталирање на мобилнатa апликација “Sava penzisko plan”.

“Ние веруваме дека заедно со нашите членови навистина можеме позитивно да влијаеме на нашето опкружување. Оваа инцијатива е од големо значење не само за општеството и животната средина, туку и за самите членови, чии лични податоци треба да бидат точни и навремено ажурирани за навремено да ги добијат годишните известувања за состојбата на нивната пензиска заштеда. Нашата примарна цел е да понудиме врвни услуги на нашите членови и да придонесеме кон создавање на поубава животна средина и подобра иднина за сите” – изјавија од Сава пензиско друштво.

Минатогодишната иницијатива резултираше со голем број на ажурирани кориснички сметки, а средствата беа донирани на Универзитетската клиника за детски болести – Скопјe. Повеќе информации за хуманата иницијатива и како и вие можете да бидете дел од неа  ве чекаат на: https://www.sava-penzisko.mk/mk-mk/azurirajdoniraj/

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk