Вие сте на одмор, а шефот ве бара на телефон…

69

Вие сте на годишен одмор, во еден момент ви ѕвони мобилниот телефон и ве бара шефот, што ќе направите? Ова е прашањето што хрватскиот портал Moj Posao во август го упати до 3.200 испитаници во рамки на своето истражување.

Резултатите покажуваат дека дури 79% од испитаниците за време на својот годишен одмор, повремено размислуваат за работа. Две третини од испитаниците или 66% велат дека никогаш не го одбиваат повикот на својот шеф, без оглед на тоа дали во тој момент се наоѓаат на годишен одмор. Како причина за тоа наведуваат дека нивниот шеф “никогаш не ги бара додека се на годишен одмор, освен ако нешто не е толку итно“, па од таа причина одговараат на повикот.

Дел од испитаниците сметаат дека јавувањето на секој повик, без оглед на тоа кој бара, е поради пристојност, додека дел од испитаниците се уверени дека со игнорирање на повикот донекаде би можеле и да ја загрозат својата позиција во компанијата.

Водени од идејата дека годишниот одмор е време во коешто “нема место за работа“, 13% од испитаниците би го одбиле повикот на шефот додека летуваат. 21% од испитаниците пред да заминат на одмор го “забораваат“ службениот телефон дома или за време на одморот користат друг број што не му е познат на шефот.

Фото: Pixabay