Виена со посебен третман кон пчелите

29

med i pcelaЖителите на Виена во мај ќе го прослават Денот на пчелите. Главниот град на Австрија со години наназад се залага за заштита на пчелите од штетното влијание на неоникотиоинидите, што спаѓаат во генерацијата нови инсектициди и претставуваат голема опасност за пчелите.

Во текот на летниот период во Виена живеат околу 200 милиони пчели, а во градот активни се околу 600 пчелари. Бројот на кошници што се распоредени по зелените површини низ Виена е 5.267, а некои од нив се сместени на многу необични места, како што се главните градски гробишта, општата болница или пречистителна станица за вода.

За да ја нагласат важноста за заштита на пчелите, чиј број од 2011-та година двојно се намали, виенските градски власт одлучија 13-ти мај оваа година да го прогласат за првиот Ден на пчелите.

Манифестацијата ќе се одржи во атриумот на градското собрание, посетителите ќе добијат многу информации за начинот на одгледување на пчелите, а ќе добијат и советите за употреба на медот. Пчеларите од Виена ќе подготват и вкусни производи од мед што ќе можат да се пробаат и купат.