Извозот на цемент во светот минатата година достигна вредност од 10,2 милијарди долари, покажуваат податоците на World’s top exports.
Поединечно, Виетнам има најголем удел од 13,2% во извозот, поради што лани заработи 1,4 милијарди долари.
Меѓу најголемите извозници на цемент во светот лани беа и: Турција (876,5 милиони долари), Тајланд (677 милиони долари), Канада (542,8 милиони долари) и Германија (542 милиони долари).
Меѓу 15-те најголеми извозници на цемент во светот, од земјите во регионото се најде Грција (13-та позиција) со извоз од 220,3 милиони долари.
Фото: Pixabay