Виетнам се натпреварува со Кина и Тајван во тестирањето и производството на чипови

71

Виетнам ја гради позицијата на важен светски играч во тестирањето и последната фаза на производство на чипови, обединувајќи странски и домашни компании и подготвува терен за поскапи производни процеси во стратешки важниот сектор.

Тестирањето и поставувањето на склопови на чипови во куќишта бара помали инвестиции од производството, а водечката позиција во тие сегменти, вредна 95 милијарди долари, моментално ја заземаат Кина и Тајван. Виетнам, пак, забележа најсилен раст.

Јужнокорејскиот Хан Микрон ги проширува своите операции во Виетнам со цел да одговори на барањата на индустриските клиенти кои сакаат да преселат дел од нивниот производствен капацитет од Кина, објасни потпретседателот за виетнамската филијала, Чо Хјунг Рае.

Компанијата планира да инвестира околу 1,3 трилиони вони или 930,49 милиони долари до 2026 година во проширување на бизнисот со ставање мемориски чипови во куќишта, кои се наменети за производи за широка потрошувачка, изјави претставник на компанијата со седиште во Јужна Кореја.

Американската Amkor Technology минатата година објави 1,6 милијарди долари за изградба на фабрика со површина од 200.000 метри квадратни, пренесува Хина, која треба да стане нејзина најголема и најнапредна фабрика и „да обезбеди „пакување“ на полупроводниците од новата генерација.

Интел минатата недела учествуваше на првата меѓународна изложба на полупроводници во Виетнам, во близина на Ханој, и планира да ја изгради најголемата фабрика за чипови во рамките на својата глобална мрежа.

Виетнамските компании, исто така, ќе учествуваат во проширувањето на капацитетите, така што FPT гради фабрика за тестирање во близина на Ханој, според три внатрешни извори кои сакаа да останат анонимни бидејќи информациите не се достапни за јавноста.

Еден извор на FPT рече дека фабриката од 1.000 метри квадратни треба да започне со работа на почетокот на следната година со десет машини за тестирање, чиј број ќе се зголеми тројно до 2026 година со инвестиција до 30 милиони долари. Но, тие сè уште бараат стратешки партнери, изјавија извори за Ројтерс.

Според високиот советник Лео Данг Дунг, виетнамската инвестициска компанија Sovico Group исто така бара странски партнер за коинвестиција во објектот на ATP во Да Нанг, а Виетнам исто така планира да произведува чипови.