Викенд инспирација во еден здив

44

Неколку интересни изреки што ќе ја разбудат вашата викенд инспирација.

Најдобар начин да се започне е да се престане со зборувањето и да се започне со работа.

Песимистот гледа пречка во секоја можност, оптимистот шанса во секоја препрека.

Повеќе ќе научите од неуспех, отколку од успех. Неуспехот е тој што го гради карактерот.

Не е важно дали сте паднале, важно е да станете.

Ако работите на нешто што навистина го сакате, нема потреба од форсирање. Визијата ќе го направи своето.

Добриот претприемач одлично се снаоѓа со несигурноста и умее да го минимизира ризикот.

Стравот се накалемува додека седиме. Ако преземеме акција тој се губи.

Оној кој има доверба во себе, ја добива и довербата од другите.

Креативноста е интелигенција што се забавува.

Направете сè што можете, со сè што имате, каде и да сте.

Фото: Pexels