Викендов времен сообраќаен режим на булевар Илинден

21

Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје, ги известува сите учесници во сообраќајот дека од недела 29.07.2018 година, екипи на Акционерското друштво ГА-МА-Скопје, на дел од булевар Илинден, во фази ќе се вршат градежни работи за изведување гасоводна мрежа, па на потегот од крстосницата со булевар 8-ми Септември во насока на движење кон улица Манапо во близина на Сити мол, ќе биде воведен времен сообраќаен режим.

Од град Скопје апелираат сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

Времениот сообраќаен режим ќе важи до завршување на градежните работи за изведба на гасоводната мрежа на овој дел од булевар Илинден.

Фото:Pixabay