Фото: Pexels/Unsplash
Овој викенд (од 25-ти кон 26-ти март) ќе започне летното сметање на времето, по што стрелките на часовниците се поместуваат за еден час нанапред.
Летното сметање на времето започнува во два часот по полноќ в недела, кога стрелките ќе се поместат за еден час и времето ќе се смета како три часот.
Овој начин на сметање на времето ќе заврши во последната недела од месец октомври во три часот, кога стрелките ќе се вратат еден час наназад.
Идејата за воведување на овој начин на сметање на времето е засновано на астрономските факти дека во јануари Сонцето излегува околу осум часот, а заоѓа околу 16 часот. За разлика од тоа, во јули, кога денот е значително подолг, Сонцето изгрева околу пет, а заоѓа по 21 часот. Бидејќи луѓето своите дневни активности ги започнуваат во исто време во текот на целата година, обично околу седум часот, во средината на летниот период се “губат“ околу два часа дневна светлина.