
Новата политика на Википедија наведува дека „употребата на големи јазични модели (LLM) за генерирање или модифицирање на содржината на статиите не е дозволена“, со што се поставува јасна граница во споредба со претходната, непрецизна формулација.
Сепак, Википедија сè уште дозволува ограничена употреба на вештачка интелигенција во некои уреднички процеси, објавува „Tech Crunch“.
Уредниците можат да користат алатки за вештачка интелигенција за да предложат основни стилски и граматички корекции на сопствените текстови, но само по човечка проверка и со забелешка дека вештачката интелигенција не смее да додава сопствена содржина или да го менува значењето на текстот.













