Викторија Бекам најуспешен британски претприемач за 2014 година

58

Victoria-Beckham-main

Викторија Бекам е прогласена за најуспешен британски претприемач за 2014 година, врз основа на зголемената продажба, бројот на отворени работни места, како и нивото на богатството што го поседува, пишува британски Телеграф.

Компанијата на поранешната членка во групата Spice girls минатата година оствари обрт од 30 милиони фунти.

Листата на 100 најдобри британски претприемачи е составена врз основа на остварениот обрт на финансиски средства и отворање на нови работни места во последните пет години, користејќи ги податоците од регистерот на компании Companies House, во комбинација со богатството на претприемачите.

По отворањето на првата продавница во Лондон, Викторија Бекам направи обрт на финансиски средства од од еден до 30 милиони фунти по лансирањето од пред пет години. Кога станува збор за креирање на нови работни места, бројката се искачи од три на 100 во истиот период.