Вината од регионот на Отворен Балкан можат да заземат значајно место на светскиот пазар

93

Вината од регионот Отворен Балкан можат да освојат значајно место на светскиот пазар поради висококвалитетните, автентични сорти грозје, посебните карактеристики на областа каде што се одгледуваат, соопшти денеска Српската стопанска комора (ПКС) по повод презентација на вина од тој регион на саемот во Верона.

„Имаме автентични сорти на кои треба да работиме и кои треба да ги подобриме, а тоа не е работа само на винарите, туку и на институции, факултети, експерти од различни области, заради што подобар принос и резултати во лозјата“, вели енологот Младен Драгојловиќ.

Тој додаде дека потоа енолозите го извлекуваат максимумот од тие сорти и конечно ги подготвуваат за пазар.

„Не треба да ги игнорираме меѓународните сорти во нашите лозови насади, кои се лесно разбирливи за странските откупувачи, благодарение на кои српската винска индустрија доживеа подем, бидејќи тие се и наши адути“, рече Драгојловиќ.

Директорот на Секторот за бизнис асоцијација на ПКС, Игор Поповиќ, истакна дека концептот за претставување на регионот како винска област е многу важен за локалните винари да запознаат нови луѓе, да склучуваат нови зделки и да отворат нови пазари.

„Wine vision by Open Balkan по втор пат е во Италија, каде претставивме 240 различни вина од Србија, Северна Македонија и Албанија“, рече Поповиќ.