Vinci Airports и официјално стана концесионер на белградскиот аеродром Никола Тесла

20

Француската компанија Vinci Airports уплати еднократен надомест за концесија во износ од 501 милион евра за аеродромот Никола Тесла во Белград, пишува РТС.

Според министерот за финансии, Синиша Мали, вкупната инвестиција на Vinci Airports ќе достигне 1,46 милијарди евра. Во тој износ влегува еднократниот надомест, минималниот годишен надомест за концесија и капитални инвестиции.

Износот од 501 милион евра е уплатен на име дивиденда и тој ќе биде распореден во буџетот во износ од 417 милиони евра, додека остатокот од 85 милиони евра ќе им припадне на малите акционери.

Годишниот надомест за концесија ќе изнесува од 4,4 до 15,1 милиони евра и ќе се плаќа во следните 25 години во зависност од остварените резултати.

Обврска на Vinci Airports во следните 25 години ќе биде бројот на патници да порасне од 5,3 на 15 милиони, а бројот на авио – операции да се удвои од 59.00 на 120.000.

Vinci Airports работи во 12 земји со 45 аеродроми и опслужува над 180 милиони патници.