Виндија отвора нов погон во Србија

145

vindijaХрватската прехранбена индустрија Виндија во петок ќе отвори нов погон за производство на месни преработки во Пландиште, Србија, во кој се инвестирани 2,6 милиони долари, најавија од компанијата, јавува Танјуг.

Во погонот ќе се отворат 50 нови работни места, а оваа инвестиција значително ќе го зајакне потенцијалот на Виндија за извоз на високофинални производи во земјите во регионот и Европската унија.

Виндија во Србија е присутна од мај 2009 година, а производството ги задоволува највисоките стандарди на ЕУ. Виндија во Србија има инвестирано преку 34 милиони евра, а во системот се наоѓаат фармите за товење, фабриката за сточна храна УНИП во Ваљево и индустријата за месо во Пландиште, како и три дистрибутивни центри во кои се вработени 330 работници.