Вино што не предизвикува мамурлак

51

CAZRvzXWoAAoiH_Научници од САД тврдат дека развиле нова форма на квасец кој ги зголемува бенефициите од конзумирање на вино, а во исто време ги намалува токсичните нус појави што предизвикуваат мамурлак.

Користејќи таканаречен “genome knife”, метод кој овозможува екстремно прецизни генетески мутации, научниците го модифицираа Saccharomyces cerevisiae – квасецот што се користи во винарската индустрија и во производството на пиво.

Овој квасец би можел да помогне во зголемување на концентрацијата на ресвератролот, моќен оксиданс што се наоѓа во виното.

Според научникот Јонг Су-Јин од Универзитетот во Илиноис, САД, модифицираниот квасец може да ја зголеми концентрацијата на ресвератрол за 10 пати.