Вино Скоп од 28-ми септември до втори октомври на плоштад Македонија

51

fb_cover

Десеттиот фестивал на виното Вино Скоп ќе се одржи од 28-ми септември до втори октомври на градскиот плоштад Македонија, јавува Миа.

Посетителите пет дена ќе можат да дегустираат квалитетно македонско вино и да уживаат во настапите на македонските музичари Владо Јаневски, Куку Леле, Ристо Самарџиев, Јаков Дренковски, Миле Кузмановски, Ефто Пупиновски…

“Во текот на изминатите десет години фестивалот стана заштитен знак на есента во Скопје, како и привлечна туристичка атракција за голем број странски туристи кои секоја година ги има во поголем број“, информира организаторот.

Фестивалот го организира Темов, а покровител е Град Скопје. Годинава ќе учествуваат над 20 винарии.