Винска визија на Отворен Балкан од 22 до 24 во Белград- Македонија со 80 излагачи

102

Третиот саем за вино, храна и туризам „Винска визија на отворен Балкан“ ќе се одржи на Саемот во Белград од 22 до 24 ноември 2024 година со поддршка на владите на Србија, Северна Македонија и Албанија.

Министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство на Северна Македонија, Цветан Трипуновски, рече дека оваа година над 80 излагачи ќе ја претставуваат земјата на Саемот на вино во Белград.

„Ќе бидат претставени малите винари и големите капацитети што ги имаме во нашата земја. Секако, ќе има и преработувачи на храна и дестилерии, кои ќе сочинуваат вкупно над 80 излагачи. Ова е одлична можност да го промовираме нашиот квалитетен македонски бренд на вино“, рече Цветановски.