Вип: 50% намалена месечна претплата цела година во Вип мобилната телефонија

18

vip

Вип ја започнува празничната новогодишна еуфорија и воведува нови поволности за корисниците во Вип Постпејд мобилната телефонија. Почнувајќи од денеска, сите нови резидентни и бизнис корисници и сите оние кои ќе го обноват својот постоечки договор добиваат можност за 50% намалена месечна претплата и тоа за цела една година, стои во соопштението.

Оваа најнова промоција овозможува корисниците да изберат било кој од тарифните модели од понудата во Vip Mobile портфолиото и тоа со половина месечна претплата во првата година. Во зависност од избраниот тарифен модел остануваат сите досегашни бенефиции како: бесплатни разговори и СМС пораки во мрежата на големата Вип заедница, неограничени разговори кон други национални мрежи како и вклучен 4G интернет и меѓународни минути.

Сите корисници кои ќе склучат нов договор со важност од 24 месеци, добиваат можност да изберат од богатата понуда на телефонски уреди и да набават смартфон по најповолни услови.

Празниците и празнувањето се уште повесели кога радоста ја споделуваме со најблиските. Со оваа промоција, Вип ја докажува својата посветеност кон обезбедување на најдобрата понуда за своите корисници.