Вип: HBO видеотека промотивно три месеци без претплата

36

vip

Вип ја најавува новата услуга за сите корисници на пакетот HBO Premium со којашто од денеска имаат пристап до HBO видеотеката, промотивно три месеци без претплата и добиваат можност да гледаат повеќе од 4.000 наслови на најсовремени филмови и серии од HBO продукцијата, кога и да посакаат, стои во соопштението.

Промотивно, сите корисници кои ќе склучат нов или ќе обноват договор за Vip Комбо, добиваат гратис интерактивна телевизија и три месеци бесплатно пакет HBO Premium, вклучувајќи ја и целосната HBO видеотека.

По завршување на промоцијата, пакетот HBO Premium ќе продолжи да се наплатува 299 денари месечно.

Услугата HBO On Demand е достапна за сите Vip Комбо корисници кои користат уред за интерактивна телевизија и имаат активирано HBO Premium пакет. Покрај услугата HBO On Demand, пакетот HBO Premium ги вклучува и телевизиските канали HBO, HBO2, HBO3, HBO HD, HBO2 HD, HBO3 HD како и услугата HBO GO.

Понудата е достапна во Скопје, Битола, Прилеп, Кочани, Гостивар, Радовиш, Куманово и Велес, на локации каде постои техничка можност.