Вип и Близу – поддржувачи на Час на планетата земја 2015

92

blizoo i vip

Традиционално, трета година по ред, Вип се приклучува кон најголемата глобална волонтерска акција Час на планетата земја, која годинава ќе се одбележи утре, 28 март 2015 година, во периодот од 20:30 до 21:30 часот.

Во рамките на Час на планетата земја, во знак на поддршка на акцијата за заштита на животната средина и климатските промени, Вип ќе ги исклучи светлата во своите работни простории во дирекцијата во Скопје и светлечките реклами во своите продажни салони ширум Македонија. Исто така, и оваа година, активно учество во акцијата ќе земат и вработените и нивните семејства.

Кон оваа акција, годинава се приклучува и Близу, и на идентичен начин ќе го даде својот придонес за поддршка на оваа иницијатива, исклучувајќи ги светлата во сите свои деловни простории и продажни салони. Покрај Вип и Близу, акцијата Час на планетата земја ќе се одбележи и во рамките на компаниите кои се дел од Телеком Австрија Групацијата.

Вип е препознатлив поддржувач на проектите од општествен интерес. За тоа говорат и бројните активности во областа на заштита на животната средина, кампањи за корисниците со цел намалување на хартија за печатење на сметки и преминување на онлајн билинг, оптимизација на потрошувачката на електрична енергија и слично, а неизоставен дел се и проектите за поддршка на здравството, културата и спортот.

Часот на планетата Земја претставува најголемa светска волонтерска акција со еколошки карактер, која годинава осми пат по ред, под мотото “Употреби ја твојата моќ и промени ги климатските промени”, има за цел преку симболично исклучување на осветлувањето во период од еден час да се испрати силна порака за спас на планетата. Оваа година, акцијата се одржува на 28 март (сабота), кога во 20:30 часот по локално време, светилките ќе ги исклучат милиони лица, бизниси, организации и влади во над 7.000 градови низ 162 држави ширум светот, меѓу кои е и Македонија.