Вип ја продолжува наградната игра Еко активација

23

vip

Вип ја продолжува наградната игра Еко активација со која ја поттикнува еколошката свест во јавноста и го најавува второто извлекување на 15 август 2017 г., со кое сите корисници кои се откажуваат од хартиените сметки и ја активираат услугата електронска сметка ја добиваат можноста да станат добитници на вредни награди, стои во соопштението.

Останува можноста за учество на сите постојни и нови корисници кои имаат активна електронска сметка или извршиле онлајн уплата на било која фактура преку веб страницата на Вип или мобилната апликација Плати сметка на www.vip.mk и преку мобилната апликација Мојот Vip до 10 август, односно 5 дена пред наградното извлекување.

Во првото извлекување што се одржа на 15 мај оваа година, седум среќни корисници се здобија со вредни награди и тоа: iPhone SE 64GB, Sony Experia Z5, Samsung Galaxy S6 edge plus, Samsung Galaxy Alpha, лаптоп, таблет и велосипед.

Добитниците на наградите, најдоцна во рок од три дена од извлекувањето јавно се објавуваат на официјалната фејсбук страница на Вип и на www.vip.mk.

По августовското извлекување, следуваат уште две, закажани за 15 ноември 2017 г. и 15 февруари следната година.

Со овој проект Вип уште еднаш ја докажува својата посветеност кон заштитата на животната средина и насоченост за зголемување на свесноста на заедницата поврзани со оваа област, истовремено работејќи на постојано зголемување на корисничкото задоволство.