Вип ја проширува својата 4G LTE мрежа – над 83% покриеност на урбаните области во Македонија

20

vip

Вип оператор продолжува со своите активности за надградба на квалитетот и капацитетот на својата мрежа. Една година по пуштањето на својата 4G LTE мрежа, покрај досегашната покриеност во 15 градови во Македонија, отсега новата 4G LTE ќе можат да ја користат и корисниците на Вип од Крушево, Неготино, Берово, Виница, Пробиштип, Св. Николе, Ресен, Делчево, Дебар и Радовиш.

Со најновите инвестиции, Вип оператор обезбеди покриеност со 4G LTE мрежа во урбаните области од над 80%. Покриеноста на ниво на вкупно население во Македонија достигна до 60%. Со новата 4G LTE мрежа, преку своите мобилни уреди, корисниците ќе добијат брзини кои се 10 пати поголеми од оние кај 3G мрежата.

“Квалитетна услуга и достапност до најновите технолошки достигнувања за нашите корисници беше и останува наш врвен приоритет. Инвестициите во проширување на 4G LTE мрежата јасно го потврдуваат тоа, а дополнителна потврда е и фактот што далеку пред законскиот рок Вип оператор ги пресретна и надмина обврските предвидени во Одобрението за 4G LTE. Тоа на нашите корисници ќе им донесе супериорно корисничко искуство и неприкосновен квалитет“, изјави Никола Љушев, извршен директор на Вип.

Вип оператор уште при лансирањето на напредната 4G LTE мрежа им овозможи на корисниците бесплатна замена на постојните СИМ картички со нови 4G LTE микро УСИМ картички кои може да се добијат во сите Вип салони. Дополнително, постпејд корисниците кои имаат соодветни терминални уреди што овозможуват 4G LTE и микро УСИМ картички, можат да користат и супер брз 4G интернет, во зависност од тарифниот модел.

Покрај инвестициите во проширување на 4G LTE, Вип оператор продолжува и со инвестициите во 2G и 3G мрежата, што е од клучно значење за квалитетот на услугите особено во руралните и планинските средини.

Во таа насока, реализирани се инвестиции во изградба на нови базни станици кои обезбедуваат мрежно покривање во општина Василево, областите долж автопатот Тетово – Гостивар, со селата Боговиње, Неготино и Врапчиште, како и потегот по течението на реката Радика, кај селата Врбјане, Жировница и Врбјани. Проширување на 3G мрежата извршено е во прилепскиот регион во руралните подрачја, како и на патните правци Кичево – Битола и Кичево – Охрид. Во источна Македонија нови инвестиции во проширување на 3G мрежата се направени на патот Виница – Берово и патот Штип – Радовиш.

Во август 2013, Вип доби одобрение од Агенцијата за електронски комуникации за користење на радиофреквенциски спектар на 800 MHz и 1800 MHz за обезбедување на 4G LTE услуги. Одобрението вредно 10,3 милиони евра има важност од 20 години со обврска за Вип да обезбеди 70% покриеност на населението во Република Македонија во период од 6 години од датумот на неговото стапување на сила.

Во својата тековна понуда Вип има повеќе од 20 паметни телефони кои можат да работат на 4G LTE мрежа.