Вип Комбо: Цело лето без претплата за телевизија, интернет, фиксна и мобилна телефонија

41

vip

Од денеска, Вип воведува нови Вип Комбо пакети за телевизија, интернет, фиксна и мобилна телефонија со нови поволности и можност корисниците да изберат пакет согласно нивните потреби за комуникација и забава.

Во промотивниот период, Вип Комбо пакетите од три или четири услуги се достапни без претплата во првите три месеци и вклучуваат телевизија со најголем избор на HD канали, интернет со брзини до 100 Mbps, фиксна линија со неограничени разговори кон сите национални фиксни мрежи и до три мобилни линии.

Дополнително, корисниците кои сакаат да продолжат да ја користат нивната постоечка мобилна тарифа, може да станат корисници на Вип Комбо пакетите со 4 услуги и да добијат дополнителен попуст и да заштедат на секоја поединечна услуга.

“Со воведувањето на Вип Комбо портфолиото им нудиме на корисниците можност да заштедат, да добијат повеќе комуникација и повеќе забава за своите семејства, а доколку одберат еден од Вип Комбо пакетите во промотивниот период, добиваат и цело лето комуникација без претплата за телевизија, интернет, фиксна и мобилна телефонија. Уште еднаш преку новото портфолио ја демонстрираме нашата посветеност кон стратегијата за обезбедување на квалитетни конвергентни комуникациски услуги со најдобра вредност за македонските граѓани“, изјави Никола Љушев, извршен директор на оне.Вип.

Комбо пакетите, од сега се достапни низ цела Македонија, но зависно од местото на живеење и потребите, корисниците може да одберат Вип Комбо пакети достапни на кабелска технологија или Вип Комбо Lite достапни во регионите без кабелска покриеност.

Дополнително, Вип ја збогатува понудата и на тарифи со поединечни фиксни услуги со што корисниците можат да изберат една од Vip TV или Vip Net тарифите со најповолна цена за телевизија или за интернет.