Вип одбележува 10 години на македонскиот пазар

55

dimitar-kovachevski-vip-10-god

Телекомуникацискиот оператор Вип одбележува цела декада од почетокот на работењето на македонскиот пазар. Kако компанија којашто секогаш нуди повеќе за своите корисници, Вип ги реализираше и продолжува да ги реализира ветувањата кон корисниците за слободна и неограничена комуникација во движење преку најсовремена мрежа и тоа под најповолни услови, стои во соопштението.

Вип прерасна во конвергентен оператор со понуда во мобилната, фиксната телефонија, интернет и телевизиски услуги. Само минатата година, Вип инвестираше над 35 милиони евра во изградба на сопствената најсовремена 4Г ЛТЕ и 4Г + мрежа со којашто на корисниците им овозможува најбрз, квалитетен и стабилен пренос на податоци, како и најсовремена мобилна комуникација и повици со HD квалитет. Со изградени преку 750 базни станици низ целата земја, Вип овозможува покриеност на над 99,8% од населението.

“Изминатите 10 години за Вип значеа постојан раст и менување, период којшто стана синоним за внесување промени на пазарот. Ја започна либерализацијата и воведе вистинска конкуренција којашто за корисниците донесе многу повеќе комуникација и тоа со најповолни услови. Посветеноста на постојаното градење доверба со нашите корисници го докажавме и со надградба на сопствената мрежа и воведувањето новини што ја олеснуваат секојдневната комуникација. Продолжуваме понатаму со засилена динамика, иновативност и посветеност уште поинтензивно да им го овозможуваме на корисниците најповолното, најквалитетното и најиновативното од светот на телекомуникациите и тоа по најдостапни цени и супериорна услуга“, изјави Димитар Ковачевски, Извршен директор на оне.Вип.

Роденденската понуда за постпејд резидентните и бизнис корисниците е најновата од низата на атрактивни понуди од портфолиото на Вип, којашто го исполнува даденото ветување – Повеќе за вас. Во знакот на десеттиот роденден, сите нови и обновени постпејд корисници на тарифните модели Vip Mobile L и Vip Family Hero добиваат промотивно 10 ГБ супер брз 4Г интернет засекогаш.

“Нашето големо Вип друштво е модерно, динамично и брои над милион и двесте илјади корисници. Тоа е насекаде и секогаш е поврзано со нашата најсовремена мрежа. Горди сме што и овој пат овозможуваме многу повеќе за непречена комуникација на секој поединечно, но и што можеме да дадеме голем придонес кон деловниот успех на голем број мали, средни и големи компании во земјава“, потенцира Димитар Ковачевски, Извршен директор на оне.Вип.

Паралелно со вложувањето во градењето на партнерски однос со корисниците, Вип и неговите вработени ја продолжуваат традицијата на обезбедување поддршка на спортот, културата, образованието и други проекти од интерес на пошироката заедница. Како пример за ова е поддршката на Македонската ракометна федерација со којашто Вип го продолжува своето долгорочно партнерство.