Вип: Шеесет бесплатни минути од Грција кон Македонија со нова Припејд Роам СИМ картичка

45

vip-580x299

За да им овозможи на своите корисници безгрижни летни одмори и опуштена комуникација со најблиските во Македонија, Вип оператор нуди нови поволности за разговори во роаминг, кои придонесуваат за значително намалување на трошоците во сезоната на патувања во странство.

За оние корисници кои летото го поминуваат во Грција, Вип нуди специјална Вип Припејд Роам СИМ картичка со која за само 300 денари, корисниците добиваат 60 USSD роаминг минути за бесплатни разговори од Грција кон која било мрежа во Македонија.  По активирањето на Вип Припејд Роам СИМ картичката, корисниците добиваат СМС известување дека се достапни бесплатните роаминг минути. Повиците од Грција се прават во форма *123*389ХХXXXXXX#. Бесплатните минути за повици со USSD код може да се искористат во период од 90 дена од датумот на активација на опцијата, за повици од кој било мобилен оператор во Грција кон било која мрежа во Македонија.

Како и секое лето, на сите Вип постпејд и припејд корисници, Вип им нуди минута разговор од странство кон сите мрежи во Македонија за 9,9 денари. За да зборуваат по оваа цена, единствено што треба да направат корисниците е да го внесат кодот *123* пред телефонскиот број што го повикуваат и знакот # на крајот (пример *123*389XXXXXXXX#). Оваа поволност е автоматски достапна за сите припејд и постпејд корисници на Вип, без дополнителни трошоци за активација. Можноста за ваков вид разговори со т.н. USSD код е достапна преку оператори во над 160 земји во светот.

Повеќе информации во однос на целокупната роаминг понуда на Вип, како и во однос на советите за користење на услуги во роаминг, корисниците можат да добијат со јавување на 077 1234 или на www.vip.mk.