Вип: Смарт часовник за деца и безгрижни родители 

60

vip

Телекомуникацискиот оператор Вип повторно воведува новини во своето портфолио на производи и услуги и за прв пат на македонскиот телекомуникациски пазар го нуди уникатниот MyKi смарт часовник наменет за најмалите кој истовремено обезбедува поголема сигурност за родителите, стои во соопштението.

Детскиот смарт часовник MyKi, достапен во сина, розова и црвена боја е модерен додаток за деца од три до 11 години. Со часовникот родителите секогаш се во тек со движењето и локацијата на нивното дете. Со можноста којашто ја дава вградениот GPS уред во часовникот, родителите во секое време можат да имаат на увид каде точно се наоѓа нивното дете. За уште поголема безбедност, преку вградената СИМ картичка, родителите добиваат можност да зборуваат со своето дете кога и да посакаат.

Уникатниот часовник MyKi располага со копчиња за брзо бирање, коишто се поврзани со  телефонските броеви впишани и меморирани од страна на родителите. Со тоа, детето може да добие некој од членовите на своето семејство само со еден допир на копчето.

Часовникот работи со вградена СИМ картичка и може да биде контролиран и преку специјално креираната мобилна апликација MyKi Watch достапна за Android и iOS како и преку веб апликација.

Смарт часовникот е достапен по цена од 999 денари, со договор склучен на 24 месеци и месечна претплата од 399 денари со тарифниот модел Vip MyKi.