Вип стартува со примена на регулирани цени за роаминг услуги во Србија, Црна Гора и БиХ

28

vip

Согласно Одлуката на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), телекомуникацискиот оператор Вип започнува со примена на регулирани цени за роаминг услуги во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина за сите Вип постпејд и припејд корисници.

Корисниците на Вип ќе плаќаат регулирани цени за роаминг услугите во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина и тоа: за појдовни разговори од Србија, Црна Гора или БиХ кон дома и кон овие земји новата цена изнесува 21,11 денари за минута, за дојдовните разговори се наплаќаат 5,83 денари за минута, за испратена СМС порака 6,55 денари, а користењето мобилен интернет во некоја од споменатите земји ќе се наплатува по цена од 50,96 денари за 1МБ. Сите цени се со вклучен ДДВ.

Овие регулирани цени ќе се применуваат од денеска (први јули) до 30-ти јуни 2016 година.

За користење на регулираните цени во овие земји не е потребна дополнителна активација за оние корисници кои користат регуларен роаминг ценовник, додека можноста за користење на специјални роаминг опции и пакети останува на избор на корисниците.