Фото: Pixabay
Со цел засилување на процесот на дигиталната трансформација во општеството, телекомуникациската компанија Вип оди чекор понапред и своето портфолио го збогатува со дигитална платформа преку којашто сите деловни корисници добиваат можност за уште понапредни дигитални решенија за уште поуспешен бизнис, стои во соопштението.
Дигиталната платформа во моментов ги нуди Microsoft Office 365 и IkarusCloud Security со кои корисниците добиваат современи решенија за продуктивност, комуникација, соработка и безбедност на компаниите. Деловните корисници со дигиталната платформа сега можат самостојно да управуваат со нивната сметка за дигитални услуги којашто вклучува активација и деактивација на услуги и лиценци, конфигурирање на сервисни параметри, доделувaње на лиценци на поединечни корисници, детален преглед на претходни нарачки и надоместоци за нарачаните услуги, можност за промена на бројот на активни лиценци (активирање и деактивирање на поединечни лиценци) и многу други можности.
Office 365 решението на Microsoft што е наменетo за сите компании од која било дејност им овозможува на вработените пристап до корпоративните апликации, податоци и ресурси од кое било место и од кој било уред со што работата е едноставна и ефикасна, а при тоа компаниите заштедуваат време и може да ги намалат своите трошоци.
Преку Вип, деловните корисници добиваат продукт што содржи повеќе Office апликации и други Microsoft услуги кои најчесто се користат во канцелариско опкружување, достапни во секое време, на сите уреди и зависно од лиценцата можат да се инсталираат на до пет PC компјутери, пет таблети и пет смарт телефони како и целосна 24-часовна техничка поддршка. За месечен надомест од 249 денари, корисниците добиваат Веб-верзии на Outlook, Word, Excel и PowerPoint, вклучени cloudуслуги (Exchange, SharePoint, OneDrive, SkypeforBusiness, Microsoft Teams, Yammer), како и Е-мејлхостинг со 50GB простор во сандаче и прилагоден домен за е-мејл адреса, еден TB простор на OneDrive за чување и споделување.
Втората алатка во дигиталната платформа на Vip е IkarusCloud Security помага целосно во заштита на компаниските мејл сандачиња, веб сурфање и сите компјутери и лаптопи од крадење на податоци и несакани ситуации.
Во портфолиото на Випима три продукти на IkarusCloud Security. Ikarus web.security којшто го филтрира интернет сообраќајот од несакани комуникации, потенцијално опасни сајтови, хакерски напади и други интернет закани. Iakrus mail.security што ги скенира сите пораки за вируси и спам со што секоја мејл адреса поминува низ бројни проверки и врз основа на конфигурацијата, безбедните пораки се доставуваат без забележливо одложување. Ikarusi anti.virus што открива нови и постојни закани од секаков вид ги штити личните податоци и компјутер од сите видови на малициозен софтвер, спам и малициозни мејл пораки.
Во иднина, портфолиото на дигитални услуги достапни на дигиталната платформа ќе се прошири со додавање на нови услуги и нови типови на лиценци при што сите ќе бидат достапни преку иста корисничка сметка на платформата.