Virgin Galactic повторно продава билети за вселенски патувања

94

Virgin Galactic во сопственост на британскиот милијардер Ричард Бренсон, соопшти дека ја продолжува продажбата на билети на пошироката јавност за претстојните вселенски патувања, што го поттикна растот на нејзините акции за повеќе од 10 отсто во тргувањето на Волстрит.

Цената на еден билет е 450.000 долари, а вклучува депозит од 150.000 долари, пренесува Ројтерс.

„Планираме да ги имаме првите 1.000 клиенти кога ќе започнеме да обезбедуваме услуги за комерцијални летови подоцна оваа година“, рече извршниот директор на Virgin Galactic, Мајкл Колглејзер.

Акциите на Virgin Galaxy паднаа за 66 отсто од октомври минатата година, бидејќи компанијата ја одложи својата услуга за комерцијални вселенски патувања за четвртиот квартал од 2022 година.

Резервациите за вселенски летови вклучуваат приклучување кон заедницата на идни астронаути, која ќе им обезбеди на членовите пристап до настани, патувања и подготвителни активности за вселенски летови пред нивното патување.