Виртуелен состанок на G20: Пет илјади милијарди долари за глобалната економија

66

Земјите членки на G20 се заложија за формирање на “заеднички фронт“ во борба против коронавирусот, најавувајќи дека вложуваат пет илјади милијарди долари во глобалната економија за да се избори против пандемијата и најавите за длабока рецесија на светско ниво, пренесува Economic Times.

Американскиот претседател, Доналд, Трамп, и неговиот руски колега, Владимир Путин, се приклучија на итна видеоконференција со којашто претседаваше кралот на Саудиска Арабија, Салман, од каде повикаа на координирана акција, додека се соочуваат со притисокот да се стави крај на војната со цените на нафтата меѓу Ријад и Москва.

Овој виртуелен состанок на G20 доаѓа после критиките на светската јавност дека е бавен во решавање на последиците од пандемијата на Ковид – 19, којашто според официјалните податоци, зад себе остави над 21.000 смртни случаи.

“Цврсто сме посветени на формирање здружен фронт против оваа заедничка глобална закана. Ние вложуваме над пет илјади милијарди долари во глобалната економија, како дел од фискалната политика, економските мерки и гарантните шеми за неутрализирање на социјалните, економските и финансиските последици од пандемијата“, велат светските лидери во заедничка изјава.

Оваа виртуелна конференција на G20 траеше 90 минути.

Фото: Pixabay