Виртуелен водич – апликација што води низ историјата на Сараево

27

star grad

Општината Стар град во Сараево е првата општина во Европа која имплементираше апликација преку која се презентираат најважните туристички знаменитости.

Апликацијата наречена Виртуелен водач за само 24 часа по нејзиното пуштање во употреба, ја презеле над 320 корисници, пренесуваат босанските медиуми.

Досега овој проект во целост е имплементиран во Куала Лумпур во Малезија, а Стар град во Сараево е европска премиера за оваа технологија. По најстарата општина во Сараево, ваква апликација подготвуваат и многу други европски градови, меѓу кои е и Истанбул.

Развојот на апликацијата и имплементација на проектот е на фирмата АД Консалтинг Сараево, на чело со Мухамед Љеваковиќ.

Виртуелниот водич може да го користат сите кои имаат паметни телефони со преземање на апликацијата која е богата со аудио и видео содржини. На вкупно 21 локација или објекти се поставени знаци со QR кодови што треба да се скенираат за да можат содржините да бидат достапни. По преземање на кодот, започнува патувањето низ историјата и запознавање со времето на настанување на знаменитоста пред која се наоѓа туристот, нејзиното основање, историските периоди низ кои минувала, рушењето и реставрацијата што ги доживеала до денес.

Сите знаци се специјално дизајнирани за објектот на кој се поставени, изработени од бела самолеплива фолија отпорна на вода.

Апликацијата е достапна на пет јазици: босански, англиски, германски, турски и арапски. Освен за преземање на апликацијата, подоцна за прегледување на содржините не е потребен интернет.