Виртуелниот свет на HTC Vive ексклузивно достапен во Телеком

17

11

Македонски Телеком и компанијата HTC вчера го претставија револуционерниот интерактивен VR систем – HTC Vive, овозможувајќи им на корисниците да доживеат неверојатно искуство на виртуелна реалност. Посетителите во Телеком Иновативниот центар имаа уникатна можност да ја пробаат најновата верзија на VR системот на HTC, којшто обезбедува уникатно искуство на виртуелна реалност, односно свет во кој единственото ограничување е човековата имагинација. Како револуционерно достигнување, HTC Vive системот е победник во категоријата на VR уреди на Асоцијацијата EISA (European Imaging and Sound Association) за 2016-2017 година, којашто ги оценува квалитетот и иновативноста на производите од електроника за широка потрошувачка.

„Македонски Телеком како технолошки лидер на пазарот постојано ги следи светските достигнувања и на корисниците им овозможува врвни иновативни искуства, со воведувaње на револуционерни услуги и уреди. Посебно нè радува што во соработка со HTC, нашите корисници денеска имаат можност први да го испробаат најновиот VR уред, којшто дефинитивно го менува начинот на комуникација и интеракција со светот. Веруваме дека VR системот на HTC, којшто е единствен по своите перформанси, освен за забава ќе најде поширока примена во секојдневниот живот и во различни деловни области“, изјави Климентина Тунтева Кржаловска, директор на Стратегија и корпоративни комуникации во Македонски Телеком.

HTC Vive овозможува потполна контрола на движењето на корисникот во просторот од 360 степени, истражување на предметите од сите нивни страни и потполна интеракција со околината, поставувајќи притоа нов стандард во креирањето на инспиративна виртуелна реалност. Секоја поединечна компонента од новиот уред HTC Vive Pre е комплетно редизајнирана за да обезбеди поголема удобност, ергономија и перформанси. Со овие клучни подобрувања, HTC го потврди своето ветување, при најавата на уредот минатата година, за создавање на фасцинантни искуства коишто го менуваат начинот на кој комуницираме, се забавуваме, учиме и се обучуваме.

„Денес сме во можност за прв пат да го претставиме овој револуционерен систем на виртуелна реалност на македонската јавност, кој е дело на HTC и Valve со нашиот партнер – Македонски Телеком. Можностите за движење и контрола во просторот, претставени преки игрите и апликациите, нудат примена на уредот и во други сфери на животот, освен за виртуелната забава. Уште отсега можеме да ја предвидиме примената во медицината, туризмот, како и индустрискиот дизајн, со оглед на појавата на голем број нови и интересни апликации од Steam. Наскоро ќе бидеме во можност да се нурнеме во светот на далечните острови и  мориња, да се прошетаме низ човечкиот организам, да ја откриеме површината на планетите или пак да го составиме својот совршен автомобил“, изјави Николај Нанков, регионален менаџер од HTC.

12

HTC Vive нуди комплетна опрема за виртуелна реалност, која вклучува сет од две безжични контролни палки, собни сензори за движење и визир (кацига) со вградена камера и телефон. Опремата овозможува и т.н. хибридна реалност, која отвора нов свет на можности, при што корисниците можат да примаат и да одговараат на пропуштените телефонски повици, да читаат пораки, да праќаат брзи одговори и да го проверуваат својот календар директно преку ВР кацигата.

Освен за забава, најновиот HTC Vive Pre се очекува да стане применлива алатка во деловниот свет, односно да најде поширока употреба во науката, образованието, медицината, туризмот, инженерството, креативните индустрии итн.

Корисниците на Македонски Телеком коишто сакаат да го истражат виртуелниот свет, можат да закажат сопствена HTC Vive авантура во Телеком Иновативниот центар на www.telekom.mk/HTCVive.