Светската здравствена организација ги советува луѓето да користат бесконтактно плаќање наместо готовина, бидејќи корона вирусот на банкнотите може да се задржи и неколку дена.
За да се спречи ширењето на заразата, луѓето би требало да користат бесконтактни методи на плаќање каде што може и да ги мијат рацете по користењето на банкноти. Минатиот месец банките во Кина и Кореја во обидите за спречување на ширење на корона вирусот почнаа да ги дезинфицираат користените банкноти.
“Знаеме дека со банкнотите ракуваат голем број на луѓе и дека на нив може да има различни видови на вируси и бактерии. Ги советуваме луѓето да ги мијат рацете по користењето на пари и да избегнуваат да го допираат лицето. Освен тоа би било добро да користат бесконтактно плаќање за да се смали ризикот од пренесување на вирусот“, порачуваат од СЗО.
Фото:Pixabay