Visa со нова технологија за бесконтактно плаќање во јавниот превоз

18

Фото: Pixabay

Visa заедно со Planeta Informatica работат на нова технологија којашто ќе овозможува во јавниот превоз полесно да спроведуваат бесконтактни плаќања и по многу пониски трошоци.

Со Secure Access Module (SAM) патниците ќе можат да платат со картичка, телефон или друг мобилен уред, а превозниците да ги избегнат дополнителните трошоци за замена на технички делови и хардвер.

Visa SAM е прва технологија од ваков тип во оваа индустрија којашто е достапна за сите партнери на технологијата Visa Ready, што овозможува полесно инкорпорирање на нејзините услуги и кај други компании.

Planeta Informatica и Visa работат заедно со интернационалната компанија Ingenico за да го имплементираат модулот во метро во Рио, Бразил до крајот на април, пишува Business wire.

Во последната година, Visa помогна во остварување на 20 бесконтактни решенија во 20 градови од 12 земји, а моментално 150 проекти се во реализација.