Вишокот топлина на Manner ќе се користи за затоплување на 600 семејства во Виена

103

manner

Познатиот австриски производител на наполитанки Manner вишокот топлинска енергија ќе го пренасочува за затоплување на околу 600 семејства во 17-от виенски округ, пишува Österreich Journal.

Вишокот топлина, којшто настанува во процесот на производство, директно ќе се испраќа во локалната топлинска мрежа во должина од 3,5 километри за греење на домовите што се во непосредна близина на компанијата.

“Соработката меѓу градското претпријатие Wien Energie и познатиот виенски производител на наполитанки е типичен пример на иновативно енергетско решение во нашиот град. Компанијата за наполитанки во новиот погон ја намалува емисијата на јаглерод диоксид за дополнителни 1.000 тони годишно во Виена, што одговора на емисијата на штетни гасови што ги ослободуваат 240 семејни куќи“, изјави Ули Сима, претставник од градските власти на Виена, задолжена за екологија.