Вистината за диетите

25

dieta

Фото: Pixabay

Пред да се одлучите да го намалите вишокот на килограми, добро размислете какви чекори ќе преземете. Клучно е да се одбере начинот кој нема да го загрози вашето здравје и ќе донесе долготрајни и квалитетни резултати.

При правилно слабеење треба да изгледате свежо, а вишокот на килограми постепено да ги снемува од критичните места.

Но, како истовремено да ослабете и да бидете здрави и полни со енергија? Еве неколку вистини за диетите:

Краткотрајни диети

Овие диети во целост забрануваат одредени намирници и носат брзи резултати, но откако ќе ги прекинете, килограмите за кратко време се враќаат.

Долготрајни диети

Со нив долгорочно се забранува внесување на конкретни намирници, а правилата кога, што и колку се јаде се строго одредени и навистина напорни. Многумина се одлучуваат за овој тип на диета, за брзо потоа да ги согледаат индивидуалните недостатоци на таквата исхрана.

На своја рака

Доколку се одлучите сами да бидете свој нутриционист, можете да го загрозите вашето здравје. Пред да започнете, размислете дали доволно знаете за исхраната и како истата правилно се употребува.

ВИП диети

Диетите кои ги практикуваат познатите личности се креирани за нив, објаснуваат нутриционистите. Секој организам е различен, што значи дека таа иста диета може да нема резултати кај вас.

По препорака

Диетата која сте ја добиле од некого, кај кого покажала добри ефекти, не значи дека ќе биде делотворна и за вас.

Препарати за слабеење

Производителите ги рекламираат своите препарати за слабеење ветувајќи фантастични резултати. На секој производ пишува дека истите се постигнуваат само ако се придржувате на одреден режим на исхрана…, а во тој случај можете да го изгубите вишокот на килограми и без препаратите.

Гладување

Строго забрането! Прејадување, па гладување е забрането. Умереноста е секогаш најдобро решение.