Вистината зад успешноста и среќата

22

Што е тоа што влијае врз успехот, а со тоа и врз среќата на еден човек?

Иако овие два поима имаат различно значење за различни луѓе, постојат неколку вистини што се применливи за сите. Ако досега сте имале дилема за некои работи поврзани успешноста во животот, во продолжение ќе го најдете одговорот.

Коефицинетот на интелигенција (IQ) не влијае многу врз постигнувањето на успех.

Она што изгледа добро за другите е помалку важно од тоа како вие го чувствувате.

Советите од другите луѓе најчесто се темелат на сопствено искуство. Ако не ви одговара, не го прифаќајте.

Во животот многу повеќе ви е потребна поддршка отколку совет.

Верување во себе и потиснување на песимизмот ќе ве направат посамоуверени од нечии пофалби.

И среќата може да се научи и да се практикува. Треба само желба.

Свесноста за случувањата околу вас и присутноста во различните моменти можат многу да придонесат во изнаоѓање на одговори на вашите прашања.

Љубовта кон работата носи успех ослободен од стрес и исцрпеност.

Споредување на себе си со другите никогаш не е од помош.

Познавањето на сопствениот “психолошки багаж“ и работата за негово ослободување, е од клучно значење за развој на еден поединец пред кој нема пречки да прерасне во лидер.