Вистини и заблуди за чоколадата

46

Што е точно, а што не кога станува збор за една од највкусните намирници во светот – нејзиното височество чоколадата.

cokolado-pixabay

Фото: Pixabay

Чоколадата е преполна со заситени масти и не е добра за холестеролот

Главната заситена маст што се наоѓа во чоколадата е стеаринската киселина, за која многу истражувања потврдија дека може да биде навистина корисна за подигнување на нивото на HDL, добриот холестерол во крвта, што пак има влијание во намалувањето на крвниот притисок.

Чоколадата предизвикува кариес

Протеините, фосфатите и калциумот што ги содржи чоколадата се добри за забната глеѓ. Таа многу помалку се задржува во устата за разлика од другите слатки, што значи дека и шеќерите не остануваат долго на забите (што не значи дека треба да претерувате).

Чоколадата предизвикува акни

Напротив, црната чоколада има антиоксиданси кои помагаат за детоксикација на организмот.

Чоколадата нема нутритивни вредности

Чоколадата, особено црната е одличен извор на магнезиум, железо, бакар, цинк и содржи значителен процент на фосфати, калциум, протеини и феноли – соединенија кои придонесуваат за здравјето на срцето и белите дробови.

Чоколадата предизвикува главоболка

Научните истражувања покажуваат дека не постои поврзаност помеѓу конзумирање на чоколада и главоболка или мигрена.

Чоколадата содржи многу кофеин

Четириесет грама чоколада содржи само 6 mg кофеин, додека во една шолја кафе има дури 135 mg кофеин.

Чоколадата дебелее

Клуч за сè во животот е умереноста, а тука спаѓа и исхраната. Чоколадата сама по себе не дебелее повеќе од останатите слатки и белиот леб. Но, поради тоа е што е многу вкусна, луѓето често претеруваат со нејзина конзумација.