Прилепска Витаминка додели три стипендии на студенти од Технолошко – Металуршкиот Факултет во Скопје. Месечната стипендија изнесува 6.150 денари и ќе се исплаќа на месечно ниво во текот на целата година, а стипендистите ќе добијат и еднократен надомест од 9.000 денари за учебни помагала и реквизити.
Витаминка финансиски ќе ги поддржи студентите до крајот на нивното студирање, а договорот го потпишаа со г-дин Симон Наумоски, Претседателот на Одбор на директори на Витаминка. Наумоски ја искористи можноста за да ги запознае стипендистите со работата на Витаминка, а беше направена и заедничка обиколка во еден од производствените погони на фабриката.
Соработката меѓу компанијата и Технолошко – Металуршкиот Факултет во Скопје започна пред три години, а со новите три стипендисти Витаминка стипендира вкупно шест студенти. Практиката на стипендирање ќе продолжи и во следните години. На тој начин Витаминка влегува во редот на компаниите што делуваат проактивно и инвестираат во иднината на младите генерации.