Витаминка е компанија што е пример за добар работодавец

75

Vitaminka e primer za dobar rabotodavec)

Витаминка е пример за добар работодавец е заклучокот од состанокот на раководството на Витаминка и Сојузот на Синдикатите на Македонија.

“Во Витаминка работат точно 576 лица, секој од нив е подеднакво важен за нас како компанија а и неговиот индивидуален придонес во секојдневната оперативност на компанија. Токму заради тоа ни е исклучително важно секој од нив да биде задоволен и среќен на работното место каде што поминуваме една третина од денот. Сепак Витаминка е компанија со голема традиција и почитување на односите со вработените“, изјави Сашо Наумоски, генерален менаџер на Витаминка.

Оваа консултативна средба е одговор на заложбите на Витаминка за унапредување на релациите со вработените како и исполнување на сите обврски и барања на кон своите вработени.

“Витаминка е компанијата што е предводник од приватниот сектор во доследно следење и исполнување на своите обврски кон вработените. Но големината на субјектот како и комплексноста на функционирањето на компанијата наметнуваат и некои други дополнителни услови и препораки кои се на релација раководство – вработени, но исто така и меѓу самите вработени. Затоа овие консултативни средби се со двоен бенефит, затоа што разменуваме мислења значајни и за нас како организација на вработените и не упатуваат во правилно менаџирање на нивните барања“, изјавија од Синдикатот.