Витаминка единствениот македонски производител на романскиот саем Индагра фуд

41

vitaminka

Витаминка беше единствената компанијата од Македонија присутна на еден од најголемите европски саеми за храна, Индагра фуд во Романија. Компанијата ја претстави целата палета од своите производи и го привлече интересот на посетителите од секторот, вклучувајќи производители, трговци и сопственици на малопродажни ланци како и граѓани.

Од компанијата изјавуваат дека секое саемско искуство носи нови сознанија и придобивки.

„Често сме присутни на саемските манифестации и се трудиме да ги следиме сите, затоа што досега оваа стратегија се покажала како продуктивна. Бројните придобивки започнуваат со изложувањето на производите и нивниот прв контакт со локалните потрошувачи или пак со дистрибутерите и трговците. Секој саем носи нови сознанија и заклучоци соодветно на географската и етнографската поставеност. Сето тоа нам ни дава вредни информации за подобро развивање и позиционирање на извесен производ на кој било странски пазар. Денес саемите во својата содржина вклучуваат и бројни дополнителни активности, така што стануваат интердисциплинарни, едукативни и информативни настани, од каде може многу да се научи, а ние тоа максимално го користиме“, изјавија од Витаминка.

Меѓународниот трговски саем за прехранбена индустрија Индагра фуд е една од најважните платформи за промовирање на компании и нивните производи од цела Европа. Поврзувајќи ги производителите и трговците од локалниот и соседните пазари, овој саем привлекува се повеќе компании кои својот напредок го гледаат во проширување кон странските пазари. На последното саемско издание своите производи ги имаа изложено повеќе од 150 компании, а манифестацијата беше посетена од над 10.000 посетители од секторската и општата, широката јавност.