Витаминка од Прилеп лани прикажа добивка од 24,5 милиони денари

73

Фабриката Витаминка од Прилеп во период од јануари до декември лани евидентираше вкупна сеопфатна добивка од 24.524.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, добивката на компанијата беше 30.023.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 31-ви декември лани, беа  2.492.188.000 денари, од кои на домашен пазар отпаѓаат 1.590.041.000 денари, а остатокот од 902.147.000 денари е продажба на странски пазари.

“Остварените единечни вкупни приходи во 2020 година изнесуваат 2.563.700.000 денари и во споредба со остварените во 2019 година бележат пораст од 2%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 98%, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги  од основна дејност,  кои во споредба со остварените во 2019 година бележат пораст од 2%“, стои во Образложението кон остварениот финансиски резултат.

Фото: Facebook