„Витаминка“ откупи нови сопствени акции

Прехранбената индустрија „Витаминка“ АД Прилеп се стекна со четири нови сопствени акции преку откуп реализиран на 25 август 2026 година, информираат од компанијата преку Македонската берза.

По најновото стекнување, „Витаминка“ поседува вкупно 3.284 сопствени акции, што учествува со 4,28% во вкупниот акционерски капитал на компанијата.