Витаминка се претстави на саемот СИАЛ во Шангај – Кинезите воодушевени од производите

25

2

Производите на Витаминка ги освоија жителите на Шангај. На последниот Меѓународен трговски саем за прехранбени производи СИАЛ што се одржува во кинеската административна и економска престолнина, компанијата Витаминка се претстави со своите производи.

Во промовирањето на најголемиот македонски производител на кондиторски производи, во Кина се вклучи и македонската манекенка, младата, но успешна Елена Шахинова што веќе неколку години работи во Шангај како заштитно лице на Викториа Сикрет за Кина.

1

„Влегувањето на Витаминка на кинескиот пазар е од исклучително значење за глобалното ширење на компанијата и нашите брендови. Дополнително, во овој светски економски центар присутни се врвните брендови од целиот свет и ако тука успеете, тоа значи дека навистина имате целосно изграден производ, со квалитет, препознатливост и идентитет. Затоа, значењето на овој успех, односно да бидете забележан и баран во толкаво окружување, е навистина големо и единствено може да се измери со големината на оваа земја“, изјавија од Витаминка.

По само еднодневно претставување, производите на Витаминка веднаш станаа препознатливи. Веќе на вториот ден од саемот, изложбениот агол на единствената македонска компанија присутна на настанот беше масовно посетуван од тамошното население. Според нивните реакции и граѓаните на Шангај го препознаваат вистинскиот квалитет и единствен вкус. Посебно внимание кај нив предизвикаа интегралните кекси Деспина и познатите Стоби Флипс.