Витаминка со финансиска помош за поплавените подрачја

57

vitaminka

Компанијата Витаминка се вклучи во акцијата за помош на граѓаните кои се погодени од поплавите, со финансиска донација, како и донација од прехранбени производи.

“Како социјално одговорна компанија, чувствуваме одговорност да им помогнеме на граѓаните од овие региони. Целта на оваа донација е да им помогнеме на нашите сограѓани, но во исто време и да испратиме порака до јавноста на Република Македонија дека жителите на овие подрачја имаат потреба од помош од сите нас. Ова е мал гест на грижа и внимание со кој се надеваме дека ќе помогнеме“, изјавија од компанијата Витаминка.

Со ваквата акција, компанијата уште еднаш ја покажа својата општествено одговорна страна, ја продолжи низата на активности од хуманитарен карактер како дел од стратешките цели на својата работа, секогаш излегувајќи во пресрет на потребите на граѓаните.