Компанијата Вивакс, најголемиот производител на природни овошни сокови, нектари и пијалаци под брендот Вива, го одбележа своето 20-годишно работење на македонскиот пазар со целосно заокружување на производствениот процес на линијата за полнење на сокови во пластична амбалажа.
Со ова, Вивакс го унапреди производството и го прошири асортиманот на своите производи. Во исто време, со редизајнот на пакувањата на дел од портфолиото, компанијата ги изненади потрошувачите со нов и модерен изглед на своите природни овошни сокови.
Компанијата Вивакс во 1994 година започнува со два производа, а денес може да се пофали со повеќе од 50 производи во своето портфолио со што е единствениот производител во Македонија со најголем асортиман на природни сокови. Со зголемување на бројот на вработени од осум во првите години до 70 вработени, Вивакс е компанија пример за одржливо и континуирано растење во сите сегменти од своето работење.
“Уште од првиот ден на нашето работење успешно ги поставивме вредностите на брендот Вива, а со иновативниот и креативен пристап во изминатите години постојано го усовршуваме квалитетот на Вива соковите. Секоја чаша Вива сок ја содржи нашата традиција и љубов, а со секоја голтка ја доближуваме природата до нашите потрошувачи“, изјави Тања Атанасова, маркетинг директор на Вивакс, производител на брендот Вива.
Вивакс е првата македонска компанија, воедно и на Балканот, која што ја започна својата соработка со Дизни Интернешнал, за производство на сокови со добро познатите ликови како што се Мики Маус, Принцезите, Карс (Автомобили) и Спајдермен, официјално лиценцирани од глобалната марка „Дизни“ и „Марвел“, за пазарите во Македонија, во Србија, во Црна Гора, во Босна, во Албанија и на Косово, што претставува уште една потврда за квалитетот на нашите производи.
Воедно, Вивакс е активен промотор на детската култура со спонзорирање на голем број детски настани, преку активно вклучување во грижата за најмалите и во нивната едукација за здрави навики и здрав начин на исхрана. Како дел од својата социјално одговорна компонента, компанијата константно поддржува голем број спортски настани и организации и е првата и единствена компанија во Македонија која го воведе интернационалниот коњички натпревар, ВИВА куп. Дополнително, својот придонес го дава и преку помош на најзагрозените групи граѓани во државата.