Вива соковите во центар на внимание на саемот во Амстердам

14

viva

Вива соковите предизвикаа голем интерес кај компаниите од прехранбениот сектор на еден од најпрестижните светски саеми PLMA World of Private Label во Амстердам, Холандија, каде учествуваат 2.400 изложувачи.

„Високите стандарди што ги применуваме во производство и квалитетот што го создаваме беа препознаени од компаниите со кои што направивме одлична основа за соработка. Како резултат на овој саем влегуваме во конкретни договори за соработка со реномирани компании од целиот свет. Ова е доказ дека со вложување во најмодерна технологија во производството и иновативноста во создавање на нови производи, за соковите ВИВА се отворија нови пазари. Саемите се одличен начин за презентација и отвораат можности за развој на компанијата и пласирање на Вива соковите надвор од нашата држава“,  изјави Ристо Јосифовски, комерцијален директор на Вивакс.

Нашиот  најголем производител на природни овошни сокови, нектари и пијалаци Вивакс со познатиот бренд Вива е единствениот македонски претставник од оваа индустрија. Во текот на саемските денови Вивакс го претстави целиот свој асортиман, а презентираниот квалитет како и атрактивниот дизајн на ВИВА соковите го привлекоа вниманието на голем број од посетителите, стои во соопштението.

Саемот PLMA World of Private Label има триесетгодишно реноме на саем што ги поврзува трговците со производителите на приватни марки при пронаоѓање нови производи, нови контакти и откривање на нови идеи.