Виз ер ќе наплаќа за голем рачен багаж од 20 до 60 евра

23

Рачниот багаж кој не го собира под седиштето во авионите на нискобуџетната компанија Виз ер почна да се наплаќа, а цените се движат од 20 до 60 евра. Зголемувањето ќе важи за секој кој ќе си резервира билет за лет по 24 октомври, стои на сајтот на превозникот. Минимумот од 20 евра ќе биде платен онлајн пред патувањето. Износот се зголемува ако чекирањето биде платено на аеродромот.
Нема да се наплаќа за рачна торба, мало ранче, торба за лаптоп.