Виз Ер од мај ќе нуди директни летови за Стокхолм

22

99603423-630x289Од мај македонските граѓани од аеродромот Александар Велики ќе можат директно да летаат до Стокхолм, Шведска, преку нискобуџетната компанија Виз Ер.

Почнувајќи од 3 мај граѓаните ќе можат да ги користат овие поволности секој понеделник и петок.  Најниската цена на авионската карта е 1.690 денари, а можностите за резервација на летови се веќе отворени.

“Нашата нова дестинација до Стокхолм е втора рута од Скопје до скандинавскиот пазар и деветта интернационална рута што ја поврзува Македонија со популарните европски дестинации. Со ниски цени на авионските карти, убедени сме дека оваа рута брзо ќе стане бестселер за појдовни и дојдовни туристи”, рече корпоративниот директор за комуникации на Виз Ер, Даниел Де Карвалхо.