Вкупна потрошувачка по видови енергенти во април

45

struja

Фото: Pixabay

Според податоците на Државниот завод за статистика (МАКСТАТ), во април 2017 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 601.034 МWh електрична енергија, 8.082 милиони нм3 природен гас, 399.521 тони јаглен и 83.628 тони нафтени продукти.

Бруто – домашното производство на електрична енергија учествува со 65,2% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 94,3% од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.