Вкупна потрошувачка по видови енергенти во јуни

45

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2016 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 537.426 МWh електрична енергија, 3.754 мил. нм3 природен гас, 281.551 тони јаглен и 114.698 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 68,1% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 91,1% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.